Во изминатото деноноќие во Кичево нема прекршување на полицискиот час од страна на граѓаните, ниту се регистрирани кражби и нарушување на јавниот ред и мир.
Од 51 контрола извршена на ниво на СВР Охрид врз лица во самоизолација, полициските службеници извршиле девет контроли кај лица од Кичево, при што не се регистрирани неправилности. Во истиот период извршени се и 50 контроли врз угостителски објекти и таму нема прекржување на мерките пропишани од страна на Владата.
– Вчера на патниот правец Кичево – Битола кај селото Пополжани, околу 12.45 часот, се случила сообраќајна незгода кога лицето О.Н. (55) од Кичево, се здобило со тешки телесни повреди, откако со својот велосипед удрил во задното тркало на велосипедот пред него, управуван од лицето В.П.(54) од Кичево. Поради тежината на повредите бил пренесен во кичевската Општа болница – информира Стефан Димоски од СВР Охрид. З.А.