Во изминатото деноноќие за време на спроведување на мерките за ограничено и заштита на граѓаните од ширење на коронавирусот, на територија на Општина Кичево нема прекршување на полицискиот час, кражби, ниту сообраќани незгоди.
Во Општина Кичево моментално во самоизолација се наоѓаат пет лица, а кај три од овие лица извршени се контроли од страна на полициските службеници и не се регистрирани неправилности. Во истиот период извршени се и 94 контроли врз угостителски објекти и таму не се регисрирани неправилности во работењето.
За мирниот првомајски продолжен викенд, придонесе и намалениот број на луѓе во градот, бидејќи поголем број на граѓани фамилијарно престојуваа во родните села, каде деновиве беше многу живо и после многу години селата наликуваа на веќе подзаборавените времиња.
– Бидејќи имавме три слободни дена, одлучивме со децата да го поминеме овој празник во нашето село, каде што имаме простран двор и каде што децата може да си играат спокојно по цел ден. Така, сите задоволни, одморени и релаксирани се вративме дома и ја започнавме новата работна недела. Ова ни се случува по втор пат, откако и за велигденските празници времето го поминавме во нашето село – вели повремен жител на едно село во Кичевијата. З.А.