Министерството за правда со цел зголемена заштита на странките во постапките, во ситуација на закана од коронавирусот, препорачува продолжување на судските постапки со зголемено ниво на претпазливост.
– Сите судења за кои постојат законски услови треба да продолжат. Се препорачува оние судења за кои има масовен јавен интерес да продолжат со намален број на физичко присуство, за што треба да се овозможи алтернативен начин за следење на судењето – се наведува во соопштението на ресорното министерство.
За овие случаи се препорачува искористување на просториите во кои има физичко одделување на учесниците во постапката и јавноста, како и користење на други можности за информирање, како на пример, видеопренос.
Од министерството очекуваат судовите и јавното обвинителство да ги почитуваат сите останати мерки кои досега ги препорача Министерството за здравство и Владата.