Министерството за здравство информира дека Институтот за јавно здравје ги има дообработено тестовите за ковид-19, кои синоќа ги работела Лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика.
– Согласно дополнителните завршени тестови, денешната статистика на новодијагностицирани пациенти со коронавирус во земјава изнесува 125. На веб-страницата на ИЈЗ се објавени и дополнителните завршени тестови. Официјалната статистика секогаш медиумите да ја објавуваат од официјалниот мејл на Секторот за односи во јавноста во Министерството за здравство – се додава во соопштението.