Битола добива нова ковид-амбуланта за брзи тестови. Месната заедница „Панде Кајзеро“ ќе биде на располагање на Центарот за јавно здравје од Битола за правење брзи тестови за ковид-19.
Просторот кој е е во сопственост на Општина Битола ќе го користи здравствената установа без надомест. Дополнително, локалната самоуправа ја уреди внатрешноста на месната заедница, согласно потребите на граѓаните и на Центарот за јавно здравје.
Ова е последната во редицата мерки што ги презема Општина Битола, за помош и поддршка на јавните здравствени установи во градот во борбата против вирусот.
Инаку од почетокот на пандемијата, Општина Битола досега има издвоено над 85.000 евра за поддршка на здравствените институции во справување со состојбата. Најпрвин, издвоени беа 10.000 евра од Буџетот на градот за отворање на лабораторија за тестирање во Центарот за јавно здравје. Потоа, уште 10.000 евра за обезбедување на апаратура за кислородна поддршка во болницата, па 20.000 евра за набавка на брзи тестови во Центарот за јавно здравје. Дополнително се издвоија и над 40.000 евра за модуларната болница.
– Над 85.000 евра локалната самоуправа намени за справување со корона-кризата. Тоа говори за одговорноста со која Општина Битола се справува со состојбата – изјави на денешната прес конференција портпаролката на СДСМ, Невена Димовска.
М.М.