Министерството за внатрешни работи соопшти за процедурата за лицата сместени во државен карантин, на кои истиот им истекува за време на викенд, кога има целосно ограничување на движењето.
Пороцедурата ќе се одвива така што овие луѓе ќе бидат прашани од страна на полициски службеник за име и презиме на лицето и податоци за возилото кое ќе дојде да го изврши транспортот.
Од МВР појаснуваат дека полицајците имаат списоци на дневна основа кој граѓанин кога го напушта државниот карантин и тие ги најавуваат лицето и возилото кое ќе дојде по оној што го напушта карантинот.