Брачна двојка од Битола се пожалила на инфицираност од коронавирус по враќањето од Занзибар. Сопругот е на 65-годишна возраст, инаку познат битолски стопанственик, сопственик на салон за мебел.
Симптомите најпрво ги пријавил уште кога биле на одмор во Занзибар, Танзанија,
заедно со сопругата. Од понеделникот тој е хоспитализиран на нефролошкото одделение во Струга, бидејќи вредностите на бубрежните оштетувања му биле високи, додека неговата сопруга е хоспитализирана во Скопје.
Дали 65-годишниот битолчанец го носи јужноафриканскиот сој ќе се дознае по утрешната типизација што ќе се прави МАНУ, а резултатите се очекуваат за два дена.
Пациентот засега е изолиран во посебна болничка соба, но докторите од струшката
болница чекаат одговор од ГОБ 8-ми септември во Скопје дали ќе има место за тој да биде примен таму.
Брачната двојка во Занзибар била преку една туристичка агенција која аранжманите ги нуди по цена 1.000 евра, а за кое патување не е потребен негативен тест за коронавирусот. М.М.