Во изминативе три дена Инспекцискиот совет на терен утврдил дека во најголем процент се почитуваат мерките и препораките на Владата за заштита од коранавирусот, рече претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска.
– Од 16 до 18 март, во 79 надзори констатирано е дека јавните превозници оддржуваат високо ниво на хигиена. При проверките за влез додека работеше скопскиот аеродром и на отворените гранични премини, утврдено е дека сите патници пополнуваат изјава за самоизолација и здравствените инспекции им издаваат наредби. Во текот на спроведувањето на надзорите беше забележано дека дел од обврската на деловните субјекти кои работат со транспорт и храна не ги почитуваат препораките за вработените да носат заштитни маски, но од денеска се вклучени инспекторите за Агенција за храна и ветерина и истите ќе ги санкционираат овие појави – рече таа на денешната прес конференција.
Што се однесува до цените на лековите и зголемената цена на заштитните маски, Инспецискиот совет предлага Владата да ја утврди цената и да нема отстапка од истата
– Агенцијата за лекови МАЛМЕД изврши 18 инспекциси надзори и зголемени цени на лекови се утврдени само таму каде што е зголемена набавната цена. Сепак што се однесува до цената на заштитните маски и на средствата за дезинфекција зголемени цени, Владата да утврди цена која не смее да се надмине за маски и дезинфекциони средстви, за контрола на оваа неправилност МАЛМЕД ги споделува информациите со со инспекторатот – рече Филиповска-Грашкоска.