Министерот за здравство, Венко Филипче, донесе наредба за спроведување на задолжителна самоизолација за секој државјанин на Македонија кој влегува на граничните премини, а патува од високо ризични или средно ризични земји утврдени со Листата на светската здравствена организација на денот на кој патникот влегува во државата.
Наредбата за спроведување на задолжителна самоизолација, секој државјанин ја потврдува со давање писмена изјава под полна морална, материјална и кривична одговорност која ја потпишува при влез на граничниот премин.
Непочитувањето на оваа наредба и неспроведување на задолжителната самоизолација ќе повлекува одговорност.