На четворица од вкупно осумнаесет вработени на Детската клинка во Скопје епидемиолозите им препорачале изолација откако кај еден лаборант бил потврден коронавирус, извести министерот за здравство, Венко Филипче.
Тој нагласи дека сите вработени носеле соодветна опрема за заштита од коронавирус и не одговори прецизно на прашањето како се заразил лаборантот.
– Тоа се луѓе кои работат во лабораториски услови со целосна заштитна опрема. Во овој момент нема информација за директен контакт на лаборантот со кој било од пациентите. Без разлика што е користена заштитна опрема се земаат податоци од сите вработени во негова непосредна околина – рече министерот Филипче.
Во овој момент тој смета дека нема потреба од посебна реорганизација во болницата заради тоа што има доволен број вкупно вработени за да се надмине недостигот од вработени коишто следните две недели ќе бидат во изолација.