Кумановец е казнет со 2.000 евра зошто не ја почитувал мерката за самоизолација.
Според информациите на Основното јавно обвинителство Куманово, обвинетиот на 18 март, допатувал од Србија, земја со средно ниво на ризик. Иако, на граничниот премин бил предупреден за здравствените прописи и потпишал изјава, постапил спротивно на одлуката на Владата, која се однесува на мерки за сузбивање и спречување на ширење на коронаворусот.
Наместо да спроведе задолжителна самоизолација во времетраење од 14 дена на адресата дадена во изјавата, излегол од своето престојувалиште и се упатил во непознат правец.
На 25 март, при контрола извршена од страна на полициски службеници, не бил пронајден во престојувалиштето со што го сторил кривичното дело што му се става на товар.
Обвинителството до судот достави предлог, на обвинетиот да му биде изречена кривична санкција, парична казна во висина од 100 дневни глоби во вредност од 20 евра во денарска противвредност.