Со цел поголемо почитување на мерките и намалување на потребата од воведување нови рестрикции, на оваа седница Владата го задолжи Министерството за правда да подготви и за наредната седница на Владата да достави уредба со законска сила во која правно ќе се нормира начинот и изрекувањето на мандатни казни.
Од Владата велат дека ќе се прави фотографска документација од местото каде граѓанинот е затекнат, ќе се регулираат висините на казните кон сите физички и правни лица кои нема да ги почитуваат одлуките, мерките и препораки на Владата.
– Групирањето над пет лица ќе се смета за кривично дело и ќе има кривична одговорност и за непочитување на минимум потребното растојание од два метри и неносење на заштитна опрема – велат од Владата.