ОВР Кичево поднесе кривични пријави против кичевците А.М.(23) и Љ.М.( 25) за сторено казнено дело „непостапување според здраствените прописи за време на епидемија“.
Пријавените во неделата, во време кога во сила е одредбата за ограничено движење на граѓаните во временскиот период од 16 до 5 часот наутро, биле затекнати на Булеварот „Ослободување“, по што биле приведени во полициската станица Кичево, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски. З.А.