Основниот кривичен суд Скопје ги информира граѓаните дека согласно препораките на Владата и Одлуката на Судскиот совет судот во следниот период ќе продолжи со судење само на итните и неодложни предмети, односно притворски и кривични предмети со други мерки за обезбедување присуство на обвинетите, кривични предмети за кои постои опасност од застарување, кривични предмети кои се во фаза на донесување одлука како и сите други кривични предмети и обврски опфатени во објавената одлука на Судскиот совет.
– Со цел заштита на странките во постапката и судските службеници од ширење на коронавирусот, судот ги известува сите граѓани кои имаат добиено писмена или усна покана за судење насрочено во следните 30 дена, дека на влезот од судската зграда од денеска преку посреден контакт со судската полиција, односно преку шалтерот за прием, ќе бидат известени дали предметот за кои се повикани ќе се одржи, а доколку не – кога и како ќе бидат известени за следно судење – соопшти судот.
Уште еднаш, судот апелира до граѓаните и сите адвокати, обвинители, вештаци и сведоци доследно да ги почитуваат и да се придржуваат кон препораките на владата и доколку не се повикани од судот непотребно да не влегуваат во судската зграда.