Покрај локалното делување на работната група за спроведување на мерки за превенција од коронавирусот на Општина Битола, од почетокот на оваа недела со засилените мерки, препораки и преземени активности во однос на сообраќајот и зголемената хигиена во сите општински установи, Општина Битола координирано е во соработка со сите институции во градот кои имаат одредена надлежност и поврзаност со активностите поврзани со вирусот.

Во постојан контакт и со одредени насоки за координирано делување се градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска, директорката на Клиничка болница во Битола, Билјана Гагачова, директорката на Центарот за јавно здравје, Елизабета Крстева и директорката на Домот за народно здравје „Хаим Абраванел”, Весна Спирковска.

Во координираните активности се вклучени и други институции, надлежни за безбедноста во градот.

Воедно, општината Битола упатува апел и до сите добронамерници, да не настапуваат  неорганизирано и да не ја искористуваат ваквата состојба за популизам.

M.M.