Компанијата за производство на заштитни перничиња за автомобили од повеќе марки, „Џојсон Сејфти Системс“, сместена во ТИРЗ Кичево, во текот на денешниот ден подели 1.000 заштитни маски на случајни минувачи, кои во текот на претпладнето со обврски или на прошетка се најдоа на најфреквентната улица во Кичево.
Со овој потег вработените на оваа голема компанија со над 1.300 вработени, уште еднаш потврдија дека се крајно хумани, во периодот кога земјата води беспоштедна борба со невидливиот непријател, вирусот ковид-19.
– На овој начин покажуваме дека хуманоста е најважна кога е и најпотребна, а тоа сметаме дека се овие месеци, кога постои сериозна закана по нашето население од коронавирусот – истакнуваат од компанијата.