Комисијата за заразни болести денеска ќе одржи состанок со скопските градоначалници, oбјавуваат повеќе медиуми повикувајќи се на информации од Министерството за здравство.
На состанокот се очекува да се дискутира за можноста за вклучување на локалните самоуправи во справувањето со коронавирусот.
На територијата на Македонија се регистрирани повеќе од 40 големи кластери со коронавирус, што, според надлежните, претставува резултат на непочитување на мерките за лична заштита.