Во текот на изминатото деноноќие, за време на спроведување на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на ковид-19, во Кичево нема прекршување на полицискиот час, ниту кражби или сообраќани незгоди.

На територија на СВР Охрид, каде што припаѓа и општина Кичево, извршени се 49 контроли врз лица што се наоѓаат во самоизолација, од кои 8 во Кичево. Во истиот период извршени се и 68 контроли врз угостителски објекти и таму не се регистрирани прекршување на мерките пропишани од Владата.

Граѓаните се помалку ги има во аптеките, но затоа маркетите работат со полн капацитет и според зборовите на купувачите, стравот од можен дефицит на одредени артикли ги тера да купуваат над вистинските потреби и тоа ќе потрае се дотогаш додека трае пандемијата со коронавирусот.

З.А.