Министерството за здравство денеска соопшти дека во Битола има еден позитивен на ковид-19.
Во врска со овој случај од Клиничката болница информираат дека се работи за 63-годишен битолчанец, кој бил хоспитализиран со симптоми на пневмонија, но кој починал додека чекал да биде примен во болницата. Бидејќи случајот бил сомнителен, посмртно му бил земен брис, кој подоцна потврди дека бил позитивен на ковид-19.
– Веднаш по приемот во болницата за неполн час пациентот почина, а претходно преку матичен лекар епидемиолошки бил исфрлен од системот, во консултации со епидемиолог посмртно е тестиран и следниот ден резултатот покажа позитивен тест на ковид-19 – вели директорката Гагачовска, која тврди дека при приемот на пациентот во болницата бил запазен целиот протокол.
Од Клиничката болница во Битола информираат дека според процедурата земени се брисеви од семејството на починатиот.
М.М.