Во текот на изминатото деноноќие казнети се 1.068 лица за неносење заштитна маска на територија на целата држава, соопшти МВР.
На 125 лица им се издадени решенија за изолација, а 167 лица потпишале изјави за самоизолација.
Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е утврдено дека едно лице не ја почитувало мерката за самоизолација.