Министерот за здравство, Венко Филипче, соопшти дека вечерва добил информација оти неговиот резултат на тестирањето на ковид-19 е негативен.
– Негативниот резултат го добивам на осмиот ден од самоизолацијата, во која останувам до истекот на инкубацискиот период од 14 дена. Редовно одржувам онлајн-состаноци со Комисијата за заразни болести, моите колеги, институциите, медиумите и Владата – напиша Филипче на Фејсбук додавајќи дека ова ќе го практикува и во текот на наредната недела.
Тој нагласи дека почитувањето на мерките досега дава добри резултати и порача дека доколку сите заедно сме доследни на препораките и се приспособиме кон промените, многу побргу ќе ја надминеме оваа состојба.