Последните денови во пунктот за вакцинација во Прилеп е зголемен интересот за имунизација кај граѓаните. Се чека во редови за да се дојде до вакцина.
Во текот на вчерашниот ден со прва и со втора доза вакцинирани биле околу илјада граѓани, на кои на располагање им се вакцините од Фајзер и Астразенека за прва доза и
Синовак за втора доза.
Според директорката на прилепската болница, Кети Смилеска, пунктот за вакцинирање во градот работи од 8 до 16 часот, а напоредно екипи се на терен да вршат
вакцинирање со втора доза.
Од почетокот со работа на пунктот за вакцинација во Прилеп вакцинирани се околу 33 илјади граѓани од кои околу 12.000 се комплетно имунизирани со втора доза на вакцина.
Во инфективното одделение од болницата се хоспитализирани четири лица заболени од ковид-19 и тие се со полесна клиничка слика. Ка.М.