Од Центарот за јавно здравје – Прилеп информираат дека за седум дена, односно во периодот од 17 до 23-ти ноември, во општина Прилеп имало 425 нови случаи на коронавирус. Од последици на коронавирусот починале 18 лица.
Бројот на активни случаи изнесува 965 од кои 811 лица се наоѓаат на домашно лекување, 107 на болничко, а 47 се лекуваат во дневната болница, а на кислородна поддршка се наоѓаат 53 пациенти. Во домашна изолација и самоизолација се наоѓат 1.164 лица.
Вкупниот број на заразени од ковид-19 изнесува 2.608, а од почетокот на
пандемијата, од коронавирус починале 114 лица, што е многу висок процент.
Прилепската болница е преполна со пациенти. Веќе нема слободни места. Денеска во битката против корона вирусот се вклучија прилепските бербери, фризери, козметичари кои организираа хуманитарна акција за донирање на вода и овошје за пациентите
хоспитализирани во болницата, но и за медицинските лица кои се истоштени, а дел се и заболени, и во изолација. Ка.М.