Од Центарот за јавно здравје Прилеп информираат дека во изминатите седум дена, односно во периодот од 14-ти до 21 декември, во општина Прилеп имало 271 нов случај на Ковид-19, додека од последици на коронавирусот починале 23 лица.
Моментно активни случаи во Прилеп има 793, од кои 602 лица се наоѓаат на домашно лекување, 91 се на болничко, а 100 се лекуваат во дневната болница. Од лицата што се во болница на кислородна поддршка се 57 пациенти.
Во домашна изолација и самоизолација се наоѓат 1.424 лица. Вкупниот број на заразени од Ковид-19 од почетокот на пандемијата изнесува 3.946, а починале 190 лица. Ка.М.