Од Центарот за јавно здравје Прилеп информираат дека изминатата седмица, односно во периодот од 19 до 25 април 2021 година, во општина Прилеп имало 189 нови случаи на ковид-19.
Од последици на коронавирусот починале 14 лица.
Бројот на активни случаи со ковид-19 изнесува 807, на болничко лекување се наоѓаат 84 лица, од кои 66 се на кислородна поддршка, а во дневната болница се лекуваат 70 пациенти.
Вкупниот број на заразени од ковид-19 од почетокот на пандемијата изнесува 8.098.
Од почетокот на пандемијата, од коронавирус починале 392 лица. Ка.М.