Во согласност со препораките за заштита од вирусот ковид-19, Аероклубот Скопје го затвора спортскиот аеродром Стенковец за јавност и ги намалува сите други активности.
Ова значи дека се одложува и одржувањето на обуките.
– За понатамошното одржување на обуките ќе биде објавено дополнително и навремено – информираат од Аероклубот.
Од таму додаваат дека исклучок од оваа забрана ќе се прави за активности кои се во интерес на јавното здравје.