Сите заедно треба да го понесеме товарот за побрзо да ги санираме последиците и да ја надминеме економската криза. Мерките што ги понудивме до Владата за справување со економските последици, предизвикани од ширењето на коронавирусот се сериозни и неопходни мерки. Граѓаните мора да ја знаат вистината и да знаат што не чека, порача лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
Тој нагласи дека државата ќе бара кредити, но, дека големите кредити ги повлекле големите земји.
– Малку се парите. Дел од кредитите ќе ја санираат состојбата, но, дел товарот солидарно треба да го понесеме. Мора да ги поддржиме работниците, економијата и фирмите затоа што доминантно тие го полнат буџетот, доминантно тие го креваат и развиваат БДП и обезбедуваат плати, плаќаат даноци и го генерираат развојт на земјата. Во такви околности мора да има рамномерна распределба на товарот кој треба да се понесе – рече Заев.
Тој истакна дека граѓаните треба да знаат оти очекувањата на наплатата на приходите се помеѓу 30 и 40 отсто.
– Еве и да обезбеиме една милијарда останатите 30 отсто мора да кратиме и да штедиме на се што не задира во приватната потрошувачка или во јавната потрошувачка. Веќе се кратат сите непродуктивни трошења и средства кои одат надвор од државата, тоа се околу седум милијарди денари и е малку, ако се знае дека 30 отсто од буџет од чечтири милијарди е една милјарда и 300 милиони денари, истакна лидерот на СДСМ.
Ако таква поделба на товарот се направи, рече Заев, ќе има големи шанси да се скрати периодот на справување со криза, ако не го направиме тоа, посочи, треба да бидеме подготвени на се.