Попишувачите ќе бидат дел од приоритетните групи кои ќе бидат вакцинирни, истакна премиерот Зоран Заев при денешната посета на Делчево, додавајќи дека во следните денови ќе пристигнат и други вакцини, покрај оние од „Астра зенека“ најавени за недела. Премиерот очекува граѓаните масовно да ги прифатат вакцините, бидејќи тие се безбедни.
Треба да е вакцинираат и попишувачите, покрај здравствените работници, повозрасните и хронично болните, а во приоретните групи се и полициските службеници и војската. Очекувам масовно прифаќање на вакцините. Можеме да заклучиме дека вакцините се здрави и безбедни, час поскоро кога се вакцинираме, толку поскоро ќе ја победиме оваа грозна пандемија – изјави Заев.
Министерот за здравство Венко Филипче вчера најави оти се очекува 24 илјади дози на вакцини од „Астра зенека“ да пристигнат во Македонија в недела.