Околу 300 илјади вакцини од различни производители, се очекува месецов да пристигнат во земјата, истакна премиерот Зоран Заев.
Тој образложи дека станува збор за првите вакцини од Европската Унија наменети за Западен Балкан, од кои за Македонија се издвоени 100 илјади дози. Првично, од нив би требало да стигнат 20-25 илјади, рече Заев.
Понатаму, се очекува да пристигне и првата пратка од вакцините од „Фајзер“, како и втората пратка преку механизмот „Ковакс“. За месецов, планирана е и испораката на 200 илјади кинески вакцини, како и значителна количина од „спутник 5“, за кои има договор за 200 илјади дози, додаде премиерот.