Премиерот Зоран Заев изјави дека Македонија треба да ги добие првите 21.000 дози на вакцини против ковид-19 до крајот на месецов, согласност договорот со „Фајзер“.
– До крајот на март ќе ги добиеме тие 21.000 дози од „Фајзер“. Веќе во вториот квартал од годинава имаме поголеми количини – кажа премиерот.
Заев повторно нагласи дека Владата и Министерството за здравство презеле сè што е можно, како и дека во нарачките е надмината и потребната количина за имунизација на населението.
Премиерот наведе направени нарачки за 800 илјади вакцини од „Фајзер“, 833 илјади од механизмот „Ковакс“, 400 илјади вакцини од Кина и 200 илјади од Русија, како и дополнителни нарачки од ЕУ, а ги спомна и донациите од соседите, со што треба да се стигне во вкупен број од 2,5 милиони вакцини.