Европската Унија обезбедила над 600.000 вакцини за Западен Балкан, а дел од нив ќе пристигнат во Македонија во април. Ова го соопшти премиерот Зоран Заев, кој телефонски разговарал со претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен.
– Претседателката ме извести дека ЕУ обезбедува 651.000 дози вакцини за заштита од ковид-19 како директна помош за граѓаните на земјите од Западен Балкан, а соодветен дел од нив согласно бројот на жители во текот на април ќе пристигнат и во Северна Македонија – соопшти Заев.