Со одлука на Владата од денеска за време на викендите се забранува движењето на сите граѓани од 16.00 до 05.00 часот.
Според одлуката, сите јавни установи и приватни компании што работат за време на викенд, треба да се прилагодат на новите ограничувања за движење и со работа да завршуваат најдоцна до 15 часот.
Оваа мерка ќе важи заедно со сите други претходно донесени забрани.
Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со ковид-19 во Македонија изнесува 219 лица, од кои досега три се излекувани, а три лица починаа.