Фото: Игор Бансколиев

Во последните 24 часа се направени 3.404 тестирања, а регистрирани се 13 нови случаи на ковид-19 од кои седум во Тетово и шест во Скопје, соопшти Министерството за здравство.

Регистриран е еден оздравен пациент од Прилеп и нема починати пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 906.529 тестирања на ковид-19.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.783, бројката на оздравени пациенти е 150.124, на починати е 5.487, а бројот на активни случаи изнесува 172.