Денешниот масовен протест пред Владата на естрадните работници и на претставниците на ивент-идустријата и угостителите, и низа други дејности засегнати од кризата предизвикана од пандемеијата на корнавиусот, што почна нешто по 15 часот, многу брзо вроди со плод. Набрзо по обраќањето на Даниел Сидовски, кој говреше за тешкотиите со кои периодов се соочуваат здружените македонски музичари и свадбени работници, нагласувајќи дека поради последните мерки на владата за прекин на сите јавни настапи во земјава, во кафулиња, клубови и ресторани, како и ограничувањето на гласноста само на 55 децибели, без работа може да останат околу 20.000 луѓе и нивните семејства.

– Казнете го секој кој не почитува мерки, а наградете го тој што е праведен пред законот. Ние овојпат сме подготвени да одиме до крај, бидјеќи немаме што да изгубиме. Или третирајте не како сите други луѓе во земјава, за кои изнајдовте решение за работен однос или еве ви ги инструментите, клучевите на сите објекти и продавници па работете ги вие, ние немаме веќе сили – изјави Сидовски.

Тој му порача на премиерот Зоран Заев дека ако за два дена владата не изнајде начин да помогне, на празникот 11 Окотмври ќе има уште помасовен протест пред владата, со многу повеќе децибели.

Од своја страна Екрем Мимиси во име на угостителите рече дека доколку Владата итно не донесе некои мерки загорзено е нивното постоење како економски оператори.

М.Т.