Министерот за здравство, Венко Филипче по вчерашната средба со турскиот претседател Таип Ердоган во Истанбул соопшти дека Турција ќе ни донира 30.000 вакцини „Синовак”.
– Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган ни соопшти дека ни донираат 30.000 вакцини од производителот ‘Синовак’. Овој гест на солидарност е уште еден показател за искреното пријателство и соработка меѓу двете земји. Голема благодарност до турскиот народ и претседателот Ердоган – напиша Филипче на социјалните мрежи.