Министерството за труд и социјална политика информира дека во Демир Капија, на локација во атарот на село Ергеле, во моментов се сместени 11 лица за кои е потребна изолација, согласно мерките за превенција и спречување на ширење на коронавирусот.
– Во објектот се обезбедени сите услови за престој на лицата, редовно се доставуваат средства за хигиена, оброците се дистрибуираат спакувани во индивидуални порции, а здравствена заштита е обезбедена од мобилни здравствени тимови. Дополнително, секојдневно се спроведува дезинфекција на објектот – се наведува во соопштението на ресорното министерство.
Од таму додаваат дека со поддршка на меѓународните организации, овој објект минатата година целосно бил реновиран и истиот е пристапен и за лица со физичка попреченост.
Во редовни услови, овој објект ќе функционира како давател на социјални услуги кои не вклучуваат долгорочно згрижување, како што е одмена на семејна грижа и слично.