Фото: Каролина Мицевска

Во општина Прилеп денеска има еден новозаболен од коронавирус, двајца пациенти оздравеле од заразната болест, а едно лице на возраст од 84 години почина. Бројот на активни случаи изнесува 28.

На Инфективното одделение во прилепската Општа болница „Борка Талески“, хоспитализирани се 5 лица позитивни на коронавирус.

Во самоизолација се наоѓаат 50 лица, а заради неносење заштитни маски, на 15 граѓани им се изречени прекршочни казни.  

Ка.М.