Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска во општина Прилеп има 9 случаи на заболени од коронавирус, а 6 лица оздравеле од заразната болест.
Од последици на коронавирусот, почина едно лице на 71-годишна возраст.
Бројот на активни случаи со КОВИД-19 изнесува 134. Од нив, 106 лица се наоѓаат на домашно, а 28 на болничко лекување.
Вкупниот број на заболени од вирусот од почетокот на пандемијата изнесува 552.
Ка.М.