Денеска во општина Прилеп има еден новозаболен од коронавирус. Еден заразен е во населеното место Црнилиште, општина Долнени, каде од последица на вирусот почина 72 годишна жена од истото село, информираат од Центарот за јавно здравје во Прилеп, посочувајќи дека оздравеле 4 лица.
Бројот на активни случаи изнесува 23, од кои 18 пациенти се наоаѓаат на домашно, а 5 на болничко лекување.
На Инфективното одделение во прилепската Општа болница „Борка Талески“, хоспитализирани се 3 лица позитивни на коронавирус. На 4 лица сомнителни на ковид 19 земен им е брис и се чекаат резултати.
Во самоизолација се наоѓаат 54 лица, а заради неносење заштитни маски, вчера на 30 граѓани им биле изречени прекршочни казни.
Ка.М.