Од Центарот за јавно здравје Прилеп информираат дека едно лице од село Бучин, општина Крушево, е позитивно на коронавирус, додека денеска во општина Прилеп нема новозаболени од коронавирус, а нема ниту оздравени од заразната болест.
Бројот на активни случаи изнесува 19, од кои 10 се наоаѓаат на домашно, а 9 на болничко лекување. Во самоизолација се наоѓаат 88 лица. Ка.М.