фото: Зоран Антоски

Речиси три месеци бројот на инфицирани од коронавирусот во Кичевио беше најмал во земјава, а деновиве бројките бележат нагорна линија. Бројот на заразени веќе е двоцифрен, а денес е регистриран и најголем број заразени лица од појавата на ковид-19 во земјава, вкупно шест.

До денес, со регистрираните шест новозаразени лица, вкупниот број регистрирани граѓани заразени со ковид-19 се искачи на 16, од кои активни се 12, три лица се веќе излекувани, додека едно лице и подлегна на болеста.
Во општината се регистрирани неколку кластери од каде доаѓаат најголемиот број новозаразени лица. И натаму продолжува тестирањето на граѓаните и кластерите, се со цел да се намали бројот на новозаразени лица од овој вирус.
З.А.