Министерството за здравство информира дека е достапна апликацијата за комонпас-сертификат за патување во странство. Комонпас е унифицран дигитален сертификат кој се презема од апликација од Гугл плеј, а со него се потврдува вакциналниот статус на секој граѓанин. Со овој сертификат во моментот може да се патува најчесто во САД и Канада каде се користи најмногу. Покрај патувањето и доказ за вакцинација со овој комонпас граѓаните во овие земји можат непречено да се движат и функционираат во услови кога има одредени рестрикции и забрани за невакцинираните. За преземање на овој сертификат треба:
1) Да се најавите на веб-страницата вакцинација.мк
2) Во својот личен профил можете да го најдете нациналниот сертификат издаден од МЗ со кјуар-код за примена вакцина.
3) Системот ви дава опција за внесување на број на валидна патна исправа.
4) Откако ќе го внесете бројот на пасошот се креира автоматски комонпас
5) За да креаираат дигитален комонпас, достапен секогаш на вашиот паметен телефон, треба да ја преземете мобилната апликација комонпас oд Гугл плеј продавницата за апликации
6) По симнување на апликацијата истата ќе ви побара да го внесете следниот активациски код: CPNMKD
7) Потоа апликацијата ќе побара да го скенирате кјуар-кодот од комонпас сертификатот кој веќе го имате симнато на компјутер. Доколку имате потешкотија да го скенирате кодот од eкран, испечатете го комонпас-сертификатот и скренирајте директно од хартија.
Министерството за здравство им нуди повеќе опции на вакцинираните граѓани за патување во странство, освен националниот сертификат со кјуар-код, сега имаат можност да патуваат во САД и Канада и со комонпас, а веќе од следната недела ќе биде достапен и Зелениот пасош за патување во ЕУ.
Министерството за здравство укажува дека независно од сите сертификати кои ќе бидат обезбедени за нашите граѓаните, секоја земја согласно епидемиолошката состојба има право да воведе дополнителни рестрикции за влез или движење во истата.