Во врска со најновите информации дека во приватната болница „Плодност“ има
нови инфицирани од коронавирусот, со соопштение до јавноста се јави сопственикот на
болницата д-р Таше Трпчевски.
– Почитувани, еве повторно мора да се обратам во името на вистината. Бевме и ќе останеме транспарентни. Да нема дилеми. Не уште двајца, туку тројца од персоналот од болница „Плодност“ се позитивни на коронавирус. Двајца доктори, еден
анестезиолог и еден гинеколог и една медицинска сестра. Анестезиологот и медицинската анестезиолошка сестра пред три дена имаа температура и блага кашлица. Јас побарав да им се земат брисеви. Побрав да се земат брисеви и од неколку вработени кои кивнале. Сакам да се земат брисеви од сите вработени. Институтот за јавно здравје прави проценка и не сака да земе на сите. Анестезиологот и медицинската сестра само еден ден беа фебрилни, сега се здрави и немаат ништо. Барав за гинекологот кој е од Прилеп, а е вработен кај нас, заради тоа што има епидемиолошка анамнеза. Тој е озитивен. Тој е асимптоматски носител. Тие се најопасните, како сите вие кои што не знаете можеби дали сте таков носите – се наведува во соопштението.
Доктор Трпчевски преку соопштението упати апел до министерот за здравство Венко Филипче.
Од таму апелирам до министерот да ги остави препорките на СЗО и побогатите држави да се тестираат само симптоматските пациенти и оние со позитивна епидемиолошка анамнеза. Министре оставете ги препораките на СЗО и побогатите држави да се тестираат само симптомтските пациенти и оние со позитивна епидемиолошка анамнеза. Можеби така ќе се создаде паника, но ќе се добие друг ефект… изолација, а тоа е многу битно, бидејќи ако имаме помасовно тестирање ќе имаме помасовна самоизолација и изолација. Тие се големи држави, 0многумилионски. Ние сме само два милиона народ. На тој начин ќе се намали бројот на асимптоматски носители
на вирусот кои сега слободно шетаат низ градот и се потенцијални носители. Тие се
најопасните за околината. Многу полесно е кога ќе го откриете заразениот. Има многу
повеќе заразени во Македонија отколку што се детектирани. Ни фали тестирање. Не знам зошто немаме масовно тестирање. Самоизолација, земање витамини и имуносупортивна терапија, изолација на оние кои биле во најблизок контакт и бројот на заболени полека ќе стивнува, смета сопственикот на болницата „Плодност“.
Тој ја посочи неискреноста на дел од пациентите како проблем.
Гледате што се случува, умира медицински персонал, доктори, сестри техничари и
друг персонал. Ние здравствените лица сме на прва борбена линија на фронтот и немаме
право да заминеме да се повлечеме од фронтот. На иста опасност се изложени во
продавниците и супермаркетите, но тие можат да си одат дома. Ние сме први што се
заразуваат. Вработените во супермаркетите имаат право да си заминат, ние не, бидејќи
наша етика е и морал да им помагаме на луѓето. Вината е и во пациентите, не дека се носители и ќе ни го донесат вирусот, туку се неискрени. Ние имавме направено прашалник епидемиолошки според СЗО критериуми. Интенција ни беше уште пред месец дена да влегува секој пациент во тријажно одделение, за да му направиме епидемиолошка анкета (после 13.4.2020 задолжително ќе поминат
низ тој тријажен дел сите оние кои што ќе дојдат во болницата, ќе потпишат формулар за веродостојноста и ќе одговраат кривично ако излажале). Но заклучокот беше дека нашите пациенти не се доволно искрени, кријат, не сакаат да кажат дека имале некој од
симптомите на коронавирусот ниту, дека биле со сомнително лице во контакт, а кое
дошло од друга високоризична држава за ковид-19. Нашите граѓани, особено битолчани се плашат да кажат дека имаат температура, треска, малаксалост, болки во грлото и не бараат да се тестират за коронавирусот, плашејќи се од тоа да не бидат анатемисани, жигосани и непожелни да живеат во оваа средина, а не се плашат од последиците и компликациите на ова инфективно заболување.
Трпчевски апелираше за помасовно тестирање.
– Затоа почитуван г-дин министре, мислам дека е потребно помасовно тестирање на
пациентите за да ги откриеме асимптоматските носители на вирусот. Така ќе се створи
малку поголема паника, но ќе го спречиме ширењето на вирусот. Се уште не е доцна,
имаме уште малку време се додека не се „скрши здравствениот систем“. Кога возот ќе
замине наудолу а ќе треба секојдневно да се објавувате повеќе смртни случаи од
новозаболени. Со голема почит за Вас министре д-р Венко Филипче, прифатете го мојот совет. Направете увоз на тестови. Веќе фармацевстката индустрија ги работи на големо и не е тешко да се набават, а и не се скапи (барем овие кои се на база антиген- антитело). Иако тие не покажуваат точно присуство на вирусот, ќе направат скрининг кои се за ПЦР методата. Што се однесува до точноста на тестовите за докажување на ковид-19 и самите фармацевтски фирми, објаснуваат дека се многу сензитивни иако има и најмало пореметување на морфологијата на вирусот, дава во 50 отсто лажно позитивни резултати (ние на наша кожа тоа најдобро го сетивме и немаме веродостојни информации дали Христијан е позитивен или негативен, а немаме клиничка слика за постоење на вирусот). Христијан со мала симптомологија бараше да се тестира на корона вирус. Ќе поминеше се како една грипозна настинка. Истото се случува со другите наши врботени. Сега немаат никакви симптоми. Можевме да не бараме да се тестираат и се ќе поминеше како да е обична настинка, заклучува Трпчевски. М.М.