Во општина Прилеп денеска не се евидентирани нови случаи на новозаболени од ковид-19. Еден пациент е излекуван во изминатото деноноќие, информираат од општина Прилеп.
На Инфективното одделение во прилепската Општа болница „Борка Талески“ хоспитализирани се 16 лица позитивни на коронавирус. Двајца од нив се на кислородна поддршка, останатите се со стабилна клиничка слика. Петмина пациенти се наоѓаат во делот на изолација. Од нив, двајца се негативни на коронавирус, задржани се заради примање терапија за подобрување на нивната општа здравствена состојба, на останатите тројца земен им е брис и се чекаат резултати.
Во самоизолација се наоѓаат 315 лица, а во изминатото деноноќие немало нарушување на полицискиот час, посочуваат од општина Прилеп.
Ка.М.