Во рамките на преземените мерки за заштита од коронавирусот, Општина Кичево презема повеќе мерки како би спречила негово ширење. Една од тие мерки е и дезинфекција на сите основни, средни училишта и детски градинки. Дезинфикацијата ќе заврши до крајот на наредната недела а оваа кампања ја спроведува Центарот за јавно здравје Битола.
– За да спречиме евентуална појава на Коронавирусот во нашата општина, во соработка со Центарот за јавно здравје Битола, се врши дезинфекција на сите основни и средни училишта во општината. Оваа кампања започна најпрво во училиштата кои имаат деблокирани сметки а се од руралните средини, додека од почетокот на наредната недела оваа операција ќе биде спроведена и во сите градски основни училишта, како и во двете средни училишта и трите детски градинки. Со овој зафат ќе придонесеме ширењето на Коронавирусот во објектите за масовно собирање да биде спречено – вели Емин Насуфи ,од општина Кичево.
Во исто време Подрачното одделение на Дирекцијата за заштита и спасување, ќе биде активно вклучена во кампањата за спречување на ширење на Корона вирусот во општините Дебар и Центар Жупа.
– Наши екипи од утре излегуваат на терен и ќе бидат лоцирани на пунктот од Струга кон Дебар, каде ќе се врши целосна дезинфекција на сите моторни возила кои ќе сообраќаат на овој патен правец во и кон Дебар и Центар Жупа. Оваа кампања ќе трае се дотогаш додека има потреба за дезинфекција на моторните возила што се движат на овој патен правец – истакна Емин Емини, од Подрачното одделение на ДЗС Кичево.
Деновиве маркетите во Кичево, по примерот на останатите градови во земјава се преполни купувачи и како приоритетни се набавките на зејтин, брашно, шеќер, тестенини,