Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.404 тестирања, а регистрирани се 98 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-50, Куманово-6, Штип-4, Прилеп-5, Тетово-7, Струга-3, Велес-1, Битола-4, Охрид-2, Гостивар-1, Струмица-9, Крива Паланка-1, Кочани-1, Берово-1, Делчево-2, Кичево-1.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 104 оздравени пациенти од: Скопје-46, Штип-6, Прилеп-8, Тетово-9, Велес-1, Охрид-3, Гевгелија-1, Струмица-2, Крива Паланка-2, Кочани-2, Македонски Брод-5, Пехчево-4, Берово-4, Виница-2, Делчево-6, Свети Николе-1, Кичево-2.
Починати се 9 лица, од Крива Паланка (52г), двајца од Гостивар (60г и 62г), од Куманово (60г), од Велес (70г), двајца од Скопје (71г и 23г), двајца од Струмица (29г и 44г). Од нив 8 се починати во болнички услови, една пациентка од Струмица при транспорт кон Скопје.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15.925, бројката на оздравени пациенти е 13.418, на починати е 661, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.846. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 6.373, активни 540
• Куманово 1.611, активни 195
• Дебар 268, активни 35
• Штип 1.209, активни 70
• Прилеп 567, активни 130
• Тетово 1.312, активни 116
• Струга 630, активни 66
• Велес 289, активни 17
• Битола 249, активни 51
• Охрид 396, активни 56
• Кавадарци 202, активни 30
• Гостивар 857, активни 92
• Гевгелија 89, активни 53 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 14 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 112, активни 49
• Крива Паланка 84, активни 36
• Радовиш 52, активни 9
• Крушево 18, активни 2
• Кочани 191, активни 53
• Пробиштип 97, активни 20
• Демир Хисар 60, активни 1
• Македонски Брод 84, активни 7
• Пехчево 42, активни 23
• Берово 74, активни 27
• Валандово 11, активни 3
• Виница 94, активни 27
• Делчево 128, активни 77 (27 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 24, активни 5
• Свети Николе 309, активни 18
• Кичево 291, активни 28
• Ресен 153, активни 6
• Неготино 49, активни 4 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 1.404 теста се преку: ИЈЗ-229, ЦЈЗ Скопје-28, Авицена-253, Биотек-239, МАНУ -163, Жан Митрев (Филип Втори)-176, Систина со ПЦР метода -179, лабораторија Лаор –49, Судска медицина-16, ЦЈЗ Битола-39, Инфективна клиника-3, ГАК-15, Синлаб-15, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 167.760 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 8 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 82 пациенти. На кислородна поддршка се 40 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 4 деца и 5 мајки позитивни на ковид-19, 3 деца и 3 мајки суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 6, а вкупно хоспитализирани се 33 пациент. На респираторна машина се 2 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 16, а во болницата во Штип се хоспитализирани 47 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 149, позитивни и сомнителни на ковид-19.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 50
• Гази Баба – 74
• Аеродром – 86
• Карпош – 74
• Центар – 72
• Кисела Вода – 54
• Ѓорче Петров – 26
• Бутел – 35
• Шуто Оризари – 13
• Студеничани – 9
• Сарај – 15
• Арачиново – 9
• Илинден – 8
• Сопиште – 2
• Чучер Сандево – 2
• Петровец – 4
• Зелениково – 1
• Странец – 3
• Нераспределен-3