Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска во општина Прилеп има 9 нови случаи на коронавирус.

Со тоа е зголемен бројот на заразени од ковид 19 во последните денови.

Бројот на активни случаи изнесува 50, од кои 41 се наоѓаат на домашно, а 9 на болничко лекување.

Во домашна изолација и самоизолација се наоѓаат 97 лица.

Вкупниот број на заразени од ковид-19 од почетокот на пандемијата изнесува 382.  

Ка.М.