Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска во општина Прилеп има 64 нови случаи на коронавирус, а 17 лица оздравеле од заразната болест.
Од последици на коронавирусот, починаа две лица на 73 и 78-годишна возраст.
Бројот на активни случаи изнесува 434, од кои 380 се наоѓаат на домашно, а 54 на болничко лекување.
Во домашна изолација и самоизолација се наоѓат 724 лица.
Вкупниот број на заразени од ковид-19 од почетокот на пандемијата изнесува 1291.
Од почетокот на пандемијата до денеска, од коронавирусот починале 57 лица.
Ка.М.