На Клиниката за инфекнтивни болести почнале две лица заболени од коронавирус, извести министерот за здравство Венко Филипче.
Едниот е пациент на возраст од 91 година кој осум дена бил хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје, а другиот е 31-годишен кој бил во тешка состојба, поставен на респираторна машина вчера, интубиран, но претпладнево починал.
Вкупниот број на новодијагностицирани лица изминатите 24 часа е 16 со што вкупниот број заболени од коронавирус во земјава изнесува 257.
Министерот Филипче извести дека на Инфективната клиника се примени тројца пациенти од Скопје и Куманово. Хоспитализирани се вкупно 49 пациенти.
– Седум од нив се со потешка клиничка слика, пневмонија, запаление на белите дробови – рече министерот Филипче.
Во овој момент нема пациенти кои се лекуваат на респираторна машина, а стабилна е состојбата на сите други пациенти ширум државата.