Во изминатотот деноноќие две лица од Кичево го прекршиле полицискиот час и не ја почитувале забраната за движење за време на спроведување на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирусот. Тие се приведенеи и против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави по член 206 од КЗ за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.
Во истиот период полициските службеници констатирале и 20 прекршоци на граѓани за неносење лична заштита на лицето. На овие лица издадени им се прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето, заради спречување на ширење на заразната болест ковид-19.
На ниво на општина Кичево, 18 лица се наоѓаат во изолација а кај 17 од нив полициските службеници извршиле контрола. Во истиот период во самоизолација на ниво на ОВР-Кичево се наоѓаат 14 лица а кај 8 од нив извршени се контроли и не се контстирани недоследности. Воедно полициските службеници во координација со Државниот пазарен инспекторат извршиле и 20 контроли врз угостителски и други објекти.
Граѓаните во најголем дел ги испочитуваа мерките на Владата, но поголем дел локални жители трите дена од продолжениот викенд ги искористија за престој во родните села, во кои видливо е дека концентрацијата на луѓе е зголемена за време на сите продолжени викенди оваа пролет, кога во сила стапи полицискиот час. Најмногу за престој на селата беа заинтересирани брачни двојки кои имаа помали деца, кои сакаат што подолго да останат на отворено, потврдија неколкумина родители на деца од претшколска возраст. И визуелно може да се забележи дека во градот бројот на локални жители е намален.